УТРО.мк

Во Битола одржана четвртата работилница од проектот „Мостови на пријателство“

Во Битола одржана четвртата работилница од проектот „Мостови на пријателство“
Vero

Во Битола се одржа четвртата работилница во рамки на проектот „Мостови на пријателство“, иницијатива насочена кон јакнење на соработката, комуникацијата и меѓусебното разбирање помеѓу младите.


Работилницата се реализираше во спортската сала на СОУ Гимназија „Јосип Броз-Тито“, каде учесниците имаа можност активно да се вклучат во интерактивни активности, дискусии и заеднички задачи насочени кон градење доверба и тимска работа.


Проектот има за цел преку неформално образование да ги поттикне младите да развиваат социјални вештини, толеранција и чувство за заедништво, особено во мултикултурна средина.


Во текот на работилницата, учесниците работеа на теми поврзани со комуникација, пријателство и надминување на предрасуди, при што беше ставен акцент на практичниот пристап и размена на искуства.


Организаторите истакнаа дека интересот за ваквите активности расте, што покажува дека младите се подготвени да бидат дел од иницијативи кои придонесуваат за позитивни општествени промени.

Dijamant Lotarija
Loto & Dzoker
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Dome Sladok Dome
Филигран