УТРО.мк

Скопјанец со апсурдна казна: Камерата „улови“ погрешно возило

Скопјанец со апсурдна казна: Камерата „улови“ погрешно возило
Vero

Скопјанецот Игор Јуруков вчера во објава на Фејсбук сподели свое искуство со направена грешка од страна на системот „Безбеден град“, а целиот процес на докажување дека не направил прекршок го оцени како “патешествие“, за кое му требале шест дена за да си ја истера правдата.

Неговата објава ја пренесуваме интегрално во целост:

„Ден 1. Се движам во група од неколку возила по „Илинденска“ и сите во група намалуваме брзина поради црвено светло. Во тој момент, моторче шиба меѓу возила, и ете ти пристигнува SMS за пречекорување на брзина и казна од 15 евра(7,5). Радарот фактички ја бележи неговата брзина, додека OCR софтверот од камерата бара регистрација во радиусот на објектот што брза, и за беља тоа сум ти бил јас!!! (моторчињата нели немаат напред регистарски таблички…) .. судбина.. нејсе, си викам ќе се жалам ништо страшно…

Ден 2. Одам на шалтер сејф-сити во МВР позади зградата на МТВ, ми кажува дечкото дека тука не е за жалби шалтер, треба да се обратам во Полициска Станица (П.С.). Одам во П.С. со истиот муабет и копии од записникот и фотките што доаѓаат со него.. добивам инфо: за жалбите од Сејф Сити треба да одите во суд за прекршоци карши факултетите. Одам во Суд, во една канцеларија преполна со плакари со некаква архива, љубезна службеничка ми објаснува што и како да пополнам во два примероци и да доставам кај нив на шалтер, арно ама проблем.. колата е службена (моја фирма) треба да дадам изјава во МВР дека јас сум возел…Одам повторно во П.С. и барам да пополнам изјава, арно ама ми бараат патен налог или полномошно со печат и потпис..

Ден 3. Одам во П.С. со уредно спремни документи, службеното лице што ме прими да пополнам изјава пријателски ме советува да си ја платам казната додека е време за 50 % попуст, бидејќи како што тој заклучи, нема шанси сејф сити да згреши… изречно се противам ….и виде не виде, извади формулар за да го пополниме. Значи, сега треба да очекувам да стигне нов записник за „сторениот прекршок“ по SMS и е-меил, ама сега на мое име. ОК ќе чекам..

Ден 4. Чекам јас така 24 часа, нема нов SMS, нема меил.. одам во П.С.! Барам на портирница да се качам до шалтерот, не ми е допуштено, телефонски се комуницира од портирница до некој фактор „горе“ и повратно добивам дека треба деновиве треба да добијам по SMS, а не како што вчера сум разбрал – веднаш или најкасно утре…

Dijamant Lotarija
Loto & Dzoker
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Dome Sladok Dome
Филигран