УТРО.мк

Прекин на електрична енергија во дел од Старата скопска чаршија

Прекин на електрична енергија во дел од Старата скопска чаршија
Vero

Жителите и дуќанџиите во дел од Старата скопска чаршија денес неколку часа ќе останат без електрична енергија поради планирани интервенции на електродистрибутивната мрежа што ги спроведува ЕВН Македонија.

Според информациите од компанијата, прекинот во снабдувањето е предвиден во периодот од 7:30 до 13:30 часот. Без струја ќе бидат корисниците на улиците „Покриена чаршија“ и „Самарџиска“, во општина Чаир.

Од ЕВН велат дека станува збор за однапред планирани технички активности со цел подобрување и одржување на мрежата, а по завршувањето на зафатите снабдувањето со електрична енергија ќе биде нормализирано.

MegaWin
MegaWin
Green Machines

Сподели го овој напис

MegaWin
MegaWin
Филигран