УТРО.мк

Див волк чуван како миленик во Козле: Згрижен во ЗОО Скопје

Див волк чуван како миленик во Козле: Згрижен во ЗОО Скопје
Vero

Во скопската населба Козле синоќа се случи невообичаена ситуација кога граѓани забележале волк што се движел низ улиците со синџир и огрлица, како да станува збор за домашно милениче. Настанот веднаш бил пријавен, по што на терен интервенирале полициски службеници од МВР, а потоа пристигнале и екипи од Зоолошката градина во Скопје за да ја преземат ситуацијата.

Животното било безбедно заловено без инциденти, а надлежните потврдија дека се работи за волк кој, според првичните информации, најверојатно бил чуван во заробеништво и успеал да се оддалечи од својот сопственик. И покрај неговата дивја природа, волкот бил забележливо мирен и навикнат на човечко присуство, што дополнително ја олеснило интервенцијата.

По заловувањето, тој е префрлен во Зоолошката градина – Скопје, каде што ќе помине задолжителен карантин и ветеринарен надзор. По тој период, животното ќе биде трајно згрижено во соодветни услови под грижа на стручни лица.

Од Зоолошката градина упатија и јасно предупредување дека чувањето диви животни како домашни миленици е строго забрането и носи сериозни ризици. „Волците не се миленици. Тие се диви животни со силни инстинкти и специфични потреби кои не можат да бидат исполнети во домашни услови,“ порачаа оттаму, додавајќи дека секое сомнително или нелегално чување диви животни треба веднаш да се пријави до надлежните институции.

MegaWin
MegaWin
Green Machines

Сподели го овој напис

MegaWin
MegaWin
Филигран