УТРО.мк

Од ЗОО Скопје објаснија зошто, за среќа, случајот со волкот заврши без последици

Од ЗОО Скопје објаснија зошто, за среќа, случајот со волкот заврши без последици
Vero

Во скопската населба Козле денеска бил забележан волк кој бил чуван како домашен миленик, а на себе имал синџир и каивче. По пријава од загрижени граѓани, на терен интервенирале полициски службеници од МВР, по што пристигнале и екипи од ЗОО Скопје и претставници на Град Скопје.

Волкот бил успешно и безбедно заловен, а потоа транспортиран во Зоолошката градина во Скопје, каде што ќе биде згрижен и ќе му бидат обезбедени соодветни услови и грижа. Од ЗОО Скопје информираат дека животното во наредниот период ќе биде сместено во карантин и под постојан здравствен надзор од стручни лица.

Од институциите посочуваат дека ситуацијата завршила без последици бидејќи станувало збор за питомо и мирно животно, но повторно апелираат дека чувањето диви животни како домашни миленици е забрането и опасно.

„Волците не се миленици и не смеат да се чуваат во заробеништво и несоодветни услови. Станува збор за диви животни кои имаат природни потреби, инстинкти и однесување“, наведуваат надлежните.

Воедно, упатен е апел до граѓаните доколку забележат нелегално чување диви животни, случаите веднаш да ги пријават до надлежните институции.

Од ЗОО Скопје изразија благодарност до МВР, Град Скопје, како и до вработените Сашо Панчев и Тина Мицковска и сите вклучени служби за брзата и координирана интервенција.

MegaWin
MegaWin
Green Machines

Сподели го овој напис

MegaWin
MegaWin
Филигран