Голем број скопјани утре ќе останат без електрична енергија поради планирани технички зафати на мрежата, соопштува ЕВН. Прекините ќе траат со часови, а ќе бидат зафатени неколку општини и населби низ градот и околината.
Еве каде и кога ќе снема струја на 17 јули (среда):
Газибаба: Булевар Киро Глигоров – од 06:30 до 12:30 часот Карпош: Ул. Козле (од бр. 143 до 157) – од 08:30 до 15:00 Карпош: Дел од ул. Бриселска – од 09:00 до 15:30 Драчево: Ул. Бистра (од ул. Живко Фирфов до ул. Гутенбергова) – од 09:00 до 11:00 Драчево: Ул. Гутенбергова (од ул. Бистра до ул. Волтерова) – од 09:00 до 11:00 Лисиче: Дел од ул. Ѓорѓи Капчев – од 09:00 до 16:00
Граѓаните се советуваат навреме да ги завршат обврските поврзани со електрична енергија и да се подготват за неколкучасовен прекин.
За дополнителни информации, следете ги објавите на ЕВН или нивната веб-страница.