Поранешната министерка за екологија и актуелна потпретседателка на СДСМ, Каја Шукова, ќе ја предводи кандидатската листа на опозициската партија за градоначалник на Скопје, дознава Прва Скопска телевизија од високи партиски извори.
Иако вчера архитектот Мишко Ралев, чие име се спомнуваше како сериозен кандидат, најави дека останува во трката внатре во партијата, неофицијално, раководството на СДСМ одлучило дека Шукова има поголеми шанси за изборен успех на претстојните локални избори.
Од СДСМ сè уште нема официјална потврда за кандидатурата, но според партиски извори, конечната одлука ќе биде соопштена на претстојното Централно собрание на партијата.