Голем број скопјани утре (18 јули 2025) ќе останат без електрична енергија поради планирани и технички зафати во електродистрибутивната мрежа. Прекини во напојувањето ќе има во неколку општини во главниот град, како и во околината.
Без струја ќе бидат следниве локации:
Центар (08:00 – 11:00 часот): улица Козара бр. 68, како и објекти околу ОУ „Киро Глигоров“
Гази Баба (08:00 – 13:00 часот): ул. Миодраг Илиќ, ул. 519, Керамидница
Карпош (08:15 – 13:00 часот): дел од ул. Франце Прешерн (непарни броеви), ул. Иван Цанкар (парни броеви), ул. Вангел Дину
Карпош (09:00 – 12:00 часот): дел од ул. Момин Поток
Маркова Сушица (05:00 – 13:00 часот): индустриска зона – Сковин, Живинарска фарма, Гама градба, Берович бетон, Грин екофарм
Граѓаните се повикуваат да ги завршат своите обврски навреме и да се подготват за евентуални потешкотии поврзани со прекинот на напојување со електрична енергија.
Следете нè за повеќе информации и навремени ажурирања!