УТРО.мк

Планирани прекини на електрична енергија денес во дел од Скопје

Планирани прекини на електрична енергија денес во дел од Скопје
Vero

Поради планирани интервенции врз електродистрибутивната мрежа, делови од Скопје денеска ќе се соочат со привремени прекини во снабдувањето со електрична енергија, информираат од ЕВН Македонија.

Без струја најдолго ќе бидат жителите на улицата „Кадино Село“ во општина Илинден, каде прекинот ќе трае од раните утрински часови, од 8:00, па сè до 15:00 часот.

Во истиот ден, но во пократок временски интервал, од 8:30 до 13:30 часот, електрична енергија нема да има кај дел од домаќинствата на улиците „Призренска“ и „Кучевишка Бара“, кои се наоѓаат на подрачјето на општините Чучер Сандево и Бутел.

Паралелно со овие активности, од 9:00 до 13:00 часот, без струја ќе останат и дел од корисниците на улицата „Џумајска“ во општина Карпош.

Dijamant Lotarija
Loto & Dzoker
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Dome Sladok Dome
Филигран