УТРО.мк

Осум часа без струја во Драчево, прекини најавени и во Бутел и Карпош

Осум часа без струја во Драчево, прекини најавени и во Бутел и Карпош
Vero

Поради планирани зафати на електродистрибутивната мрежа, денеска делови од неколку скопски општини ќе останат без електрична енергија во одредени периоди од денот.

Најдолг прекин е најавен во населбата Драчево, каде жителите на улиците „Јанко Мишиќ“ и „Бранко Заревски“ ќе бидат без струја од 08:30 до 15:30 часот.

Прекини се предвидени и во општина Бутел. Во утринските часови без електрична енергија ќе останат делови од улиците „Костурска“, „Тале Христов“ и „Слога“, а подоцна во текот на денот прекин ќе има и на булеварот „Босна и Херцеговина“ и улицата „Боро Менков“.

Без струја денеска ќе бидат и дел од корисниците на улицата „Франце Прешерн“ во Карпош, како и жители на населбата Злокуќани.

Од ЕВН информираат дека снабдувањето со електрична енергија ќе биде обновено веднаш по завршувањето на планираните активности на мрежата.

Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран