
Централното подрачје на Скопје денеска ќе биде под посебен сообраќаен режим поради посетата на претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен.
Од Министерството за внатрешни работи информираат дека СВР Скопје, преку Единицата за безбедност на патниот сообраќај, ќе преземе мерки за регулирање на сообраќајот по сообраќајниците во поширокото централно подрачје на градот.
Од МВР апелираат до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат наредбите и насоките што ќе ги даваат униформираните полициски службеници.
Граѓаните се повикуваат на внимателно и трпеливо учество во сообраќајот во периодот кога ќе важи посебниот режим.















