УТРО.мк

Канцер на градот: Депонијата во Вардариште прерасна во закана за животот на скопјани

Канцер на градот: Депонијата во Вардариште прерасна во закана за животот на скопјани
Vero

Најстрашните приказни понекогаш не се раскажуваат со зборови, туку со слики. Две сателитски снимки кои ги објави 4News.mk – од 2023 и 2025 година – ја откриваат застрашувачката вистина за дивата депонија што денес гореше и го прекри Скопје со отровен чад. Овие слики не се само доказ, туку обвинение за целосниот колапс на институциите и нивната неспособност да ги заштитат граѓаните.

На фотографијата од 2023 година јасно се гледа нелегално населено место опколено со планини од отпад – почеток на еколошка катастрофа. Но снимката од 2025 година покажува нешто многу полошо: зеленилото е целосно уништено, депонијата се проширила како канцер, претворајќи ја областа во темпирана бомба. Она што беше аларм, денес е терминална фаза на негрижа.

Густиот чад што повторно го прекри градот потсети на пожарот во Визбегово пред неколку месеци, кога дивата депонија со денови го држеше Скопје во заложништво. Тогаш тоа требаше да биде последниот аларм за институциите – но денес имаме нов доказ дека системот не функционира.

Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран