УТРО.мк

Ѓорѓиевски: Започнуваме со промени, Скопје ќе се менува од корен

Ѓорѓиевски: Започнуваме со промени, Скопје ќе се менува од корен
Vero

Новиот градоначалник на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, денеска официјално го презеде уверението за функцијата, истакнувајќи дека му претстои обврска да работи одговорно и посветено во интерес на сите граѓани.

– Денешното уверение е симбол на довербата што ми ја дадоа скопјани. Благодарен сум за секоја поддршка и за секој кој препозна искреност и дела зад зборовите. Ќе бидам градоначалник на сите, без разлика на припадност. Поделбите за мене не постојат, порача Ѓорѓиевски.

Тој најави дека уште вечерва во 20:30 часот ќе започне првата голема акција – генерално чистење на градот во рок од 72 часа, согласно неговото предизборно ветување.

– Скопје го менуваме од корен. Веднаш почнуваме со чистење, а утре со темелна реорганизација на јавните претпријатија, за да почнат да функционираат нормално и ефикасно, истакна градоначалникот.

Ѓорѓиевски најави и започнување на нови проекти во инфраструктурата, образованието, спортот и животната средина, како и воспоставување на зголемена транспарентност во работењето на Градот.

– Скопје конечно ќе биде отворен град. Почнуваме, порача тој.

Dijamant Lotarija
Loto & Dzoker
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Dome Sladok Dome
Филигран