УТРО.мк

Ѓорѓиевски: Центар ќе биде современо и достоинствено лице на Скопје

Ѓорѓиевски: Центар ќе биде современо и достоинствено лице на Скопје
Vero

Орце Ѓорѓиевски, денеска оствари средба со жителите на општина Центар, каде разговараше за урбаните предизвици и можностите за развој на оваа централна градска општина.

„Центар е лицето на Скопје и токму затоа ќе се потрудиме тоа лице да биде достоинствено, современо и чисто“, истакна Ѓорѓиевски пред присутните граѓани, додавајќи дека сите нивни барања внимателно ќе бидат вклучени во новата победничка програма.

Тој нагласи дека приоритет ќе биде хигиената, соопштувајќи дека ќе се вложи во редовно одржување на јавниот простор. Воедно најави решенија за намалување на сообраќајниот метеж преку паметни и ефикасни сообраќајни решенија, како и развој на урбано живеење „по мерка на човекот“.

„Имаме визија и план не само за Центар, туку за цело Скопје“, изјави Ѓорѓиевски, потенцирајќи дека конечната цел е Скопје да стане модерен град со кој ќе се гордеат и жителите и посетителите.

Средбата е дел од пошироката кампања на Ѓорѓиевски под мотото „Најдоброто допрва доаѓа“.

Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран