УТРО.мк

Ѓорѓиевски: Солидарност и хуманост на „Коријада 2025“ за помош на семејствата од Кочани

Ѓорѓиевски: Солидарност и хуманост на „Коријада 2025“ за помош на семејствата од Кочани
Vero

Во паркот „Шопен“ денес се одржа традиционалната манифестација „Коријада“, организирана од Здружението на пензионери на Општина Кисела Вода. Овој настан, кој со години е дел од културниот живот на општината, стана нејзин препознатлив симбол.

Посетителите имаа можност да купат вкусни бели печива, кои беа подготвени лично од членовите на здружението. Средствата собрани од продажбата ќе бидат донирани за помош на семејствата на настраданите и повредените од трагичниот настан што се случи во Кочани.

Градоначалникот Орце Ѓорѓиевски изрази гордост од активностите на пензионерите, потенцирајќи дека и покрај годините тие со голема енергија и хуманост го збогатуваат општествениот живот во Кисела Вода. „Коријадата“ не е само манифестација на традиционална кујна, туку и симбол на солидарност, култура и човечност.

Општина Кисела Вода и во иднина ќе ја поддржува оваа и слични иницијативи кои го негуваат духот на заедништво и оставаат траен позитивен белег во животите на граѓаните.

ELS
Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран