УТРО.мк

Ѓорѓиевски: Пожарите околу Скопје се подметнати за политички цели, институциите мора итно да реагираат

Ѓорѓиевски: Пожарите околу Скопје се подметнати за политички цели, институциите мора итно да реагираат
Vero

Градоначалникот на општина Кисела Вода и претседател на ЗЕЛС, Орце Ѓорѓиевски, порача дека постојат основани сомнежи дека пожарите кои деновиве избувнуваат околу Скопје се намерно подметнати за создавање вештачка криза во пресрет на локалните избори.

„Не само што некој си игра со трпението, туку си игра и со здравјето на илјадници граѓани. Овие пожари се со цел да предизвикаат политички пожари. За жал, граѓаните и ние скопјани сме жртви“, изјави Ѓорѓиевски.

Тој го повика Министерството за внатрешни работи и Јавното обвинителство да ги преземат сите неопходни мерки за да се откријат одговорните и да се постапи брзо.

Ѓорѓиевски најави дека веднаш по локалните избори ќе започне со реализација на „План за чисто и здраво Скопје“, со кој ќе се создаде систем во кој депониите нема да бидат проблем, туку решение.

„На овој напад против животната средина и здравјето на граѓаните мора да му се стави крај“, додаде тој.

Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран