УТРО.мк

Ѓорѓиевски: Покрсти станува ново рекреативно и туристичко срце на Кисела Вода (ВИДЕО)

Ѓорѓиевски: Покрсти станува ново рекреативно и туристичко срце на Кисела Вода (ВИДЕО)
Vero

Скопје добива ново зелено катче за одмор и рекреација – локацијата Покрсти, сместена над Драчево, станува современо уредено излетничко место кое веќе го добива својот прв лик. Градоначалникот на општина Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски, денеска ја најави реализацијата на овој проект, потенцирајќи дека преку вложувања во природата и урбаната опрема, се создаваат услови за подобар живот на граѓаните.

„Покрсти се развива во вистинска туристичка атракција. Место за мир, рекреација и здрава животна средина. Големите дела не се остваруваат со сила, туку со упорност, посветеност и многу љубов“, изјави Ѓорѓиевски.

Проектот предвидува изградба на рекреативна патека која веќе е асфалтирана, а во тек се активности за поставување урбана опрема, изградба на плоштад, вело патеки и дополнителни содржини што ќе го збогатат просторот.

Ова ново место, со поглед кон Драчево и околината, ветува да стане омилена дестинација за сите љубители на природата, спортисти и семејства кои бараат мирен одмор надвор од градската врева.

ВИДЕО

ELS
Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран