УТРО.мк

Ѓорѓиевски најави изградба на улица „Љубљанска“ и пуштање во употреба на мостот во Карпош

Ѓорѓиевски најави изградба на улица „Љубљанска“ и пуштање во употреба на мостот во Карпош
Vero

Кандидатот за градоначалник на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, преку видео порака објавена на социјалните мрежи најави реализација на еден од клучните инфраструктурни проекти за градот – изградбата на улицата „Љубљанска“, со што конечно ќе се овозможи и пуштање во употреба на мостот во Карпош, кој со години стои недовршен.

„Ќе ја изградиме улицата ‘Љубљанска’, со што конечно ќе го пуштиме во употреба мостот во Карпош,“ порача Ѓорѓиевски во своето обраќање, нагласувајќи дека овој проект е од суштинско значење за подобра поврзаност на овој дел од градот и за растоварување на сообраќајниот метеж.

Со оваа интервенција, Карпош ќе добие нова урбана врска што ќе ја подобри мобилноста и пристапноста кон булеварите „Партизански одреди“ и „Илинденска“, а истовремено ќе обезбеди и побрз и побезбеден проток на возила.

Проектот е дел од пошироката визија на Ѓорѓиевски за „Скопје без метеж“, која опфаќа изградба и реконструкција на повеќе клучни сообраќајници и мостови, со цел модерна и функционална инфраструктура што ќе одговара на потребите на граѓаните.

„Нашата цел е да создадеме град по мерка на човекот – град со ред, динамика и иднина,“ нагласи Ѓорѓиевски.

Видеото можете да го погледнете тука

Dijamant Lotarija
Loto & Dzoker
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Dome Sladok Dome
Филигран