Орце Ѓорѓиевски се сретна со претставници од угостителскиот сектор во Скопје, истакнувајќи ја важноста на нивната улога во економскиот и социјалниот живот на градот. Средбата се одржа во атмосфера на отворен дијалог, каде што се разговараше за тековните предизвици со кои се соочува оваа индустрија, од административни процедури до прашања поврзани со безбедноста на посетителите.

Во фокусот на разговорот беа и предлозите за унапредување на условите за работа, поттикнување на урбаниот туризам и подобрување на услугите кон граѓаните и туристите. Ѓорѓиевски најави дека веднаш по завршувањето на локалните избори ќе назначи советник за угостителскиот сектор – лице што ќе биде предложено од самите угостители преку меѓусебен договор.

„Угостителите се двигатели на живата атмосфера во нашиот град. Ќе продолжиме со соработка, затоа што само заедно можеме да изградиме модерен, економски стабилен и гостопримлив главен град“, изјави Ѓорѓиевски.