
ЕВН Македонија информира дека денеска поради планирани технички зафати, повеќе скопски општини ќе бидат делумно без електрична енергија.
Најголем дел од исклучувањата ќе се случуваат во Аеродром, Карпош, Ѓорче Петров, Петровец и Чучер Сандево, при што некои прекини ќе траат до 15:00 часот, додека други ќе се продолжат до 15:30 часот.
Во Петровец, од 8:30 до 15:00 часот струја нема да имаат жителите на Катланово, Стари Лозја кај Фазанеријата, Тотинци и селото Бадар, додека во Кожле прекинот е предвиден од 8:30 до 15:30 часот.
Ѓорче Петров ќе остане без електрична енергија од 9:00 до 15:30 часот за корисниците на улицата „Ѓуро Салај“ и за потребите на ОУ „Димитар Поп Георгиев Беровски“.
Во Карпош, дел од улиците „Лувќенска“, „Илија Палев“ и „Леринска“ ќе бидат исклучени од струја од 9:00 до 15:00 часот, додека во Аеродром, улицата „Тодор Чангов“ (броеви 8, 10 и 12) ќе биде без струја од 10:00 до 14:00 часот.























