УТРО.мк

ВЛЕН: Струга се обединува околу Менди Ќира

ВЛЕН: Струга се обединува околу Менди Ќира
Vero

Коалицијата ВЛЕН вечерва одржа голем митинг во Струга, каде пред голем број граѓани беше испратена јасна порака дека Струга оживува и дека времето на лошото владеење завршува.

ВЛЕН целосно го поддржува независниот кандидат за градоначалник, Менди Ќира – гласот на Струга и човекот кој ја симболизира довербата, искуството и интегритетот, за да го води градот кон нова ера на развој и чесност.

Струга со децении беше запоставена, блокирана од политика и клановски интереси кои ги заборавија и ограбија стружаните. ВЛЕН со Менди Ќира гарантира дека овој циклус завршува.

Заедно со носителот на листата на советници на ВЛЕН, Амир Казими, Струга се стреми кон чесни институции, луѓе кои не прават компромис со законот и кон управување кое работи за граѓаните, развојот и нивното достоинство.

На 19 октомври, Струга ќе говори со еден глас за Менди Ќира, за ВЛЕН, за промената која градот ја заслужува.

Dijamant Lotarija
Loto & Dzoker
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Dome Sladok Dome
Филигран