УТРО.мк

ВИДЕО – Проданоски: „Сите на велосипед“ уште еднаш го обедини Прилеп

ВИДЕО – Проданоски: „Сите на велосипед“ уште еднаш го обедини Прилеп
Vero

Јубилејното 20-то издание на традиционалната рекреативна манифестација „Сите на велосипед“-2026 успешно се одржа денеска во Прилеп, со учество на голем број велосипедисти, млади, деца и љубители на спортот и рекреацијата.

Учесниците возеа на релацијата Прилеп – Мало Коњари – Прилеп, а настанот уште еднаш ја потврди важноста на спортот, рекреацијата и заедништвото како вредности што ги обединуваат сите генерации.

Градоначалникот на Општина Прилеп, Дејан Проданоски, истакна дека манифестацијата прераснала во препознатлива традиција за градот и упати благодарност до сите учесници и организатори.

„Прилеп уште еднаш покажа дека спортот, рекреацијата и заедништвото се вистински вредности кои ги обединуваат сите генерации. Голема благодарност до Велосипедскиот клуб „Илинден“ за долгогодишната посветеност и организација, како и до сите поддржувачи и учесници кои придонесоа за уште една успешна и незаборавна манифестација“, порача Проданоски.

Тој додаде дека очекува традицијата на оваа спортско-рекреативна манифестација да продолжи и во наредните години.

ВИДЕОТО МОЖЕ ДА ГО ПОГЛЕДНЕТЕ ТУКА

Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран