УТРО.мк

СЕ ВРАЌА ЛЕГЕНДАРНОТО ЈУГО: Цената звучи нереално, а за потрошувачката никој не верува

СЕ ВРАЌА ЛЕГЕНДАРНОТО ЈУГО: Цената звучи нереално, а за потрошувачката никој не верува
Vero

Новото Југо (Yugo) повторно го привлече вниманието на европската автомобилска јавност, откако беа откриени нови детали за проектот предводен од српскиот претприемач од Германија Александар Бјелиќ. 

Тој претходно ги откупи правата за името на познатата марка, а целта е автомобилот да се позиционира како еден од најпристапните нови модели на европскиот пазар, со најавена цена од околу 12.000 евра.

Најголемо внимание привлекува планираниот хибриден погон со технологија за продолжување на дометот, каде што моторот со внатрешно согорување би служел првенствено како генератор на електрична енергија. 

Според првите најави, новото Југо нема да бара полнење преку кабел, ќе поддржува различни видови гориво, а во идеални услови би трошело само 2,2 литри на 100 километри.

Дизајнот е на Дарко Марчета од Зрењанин, а беше најавен компактен хечбек со три врати, модерни линии и спортски карактер што потсетува на поранешниот дух на Југо. 

Првиот функционален прототип треба да биде претставен во 2027 година на саемот „Експо“ во Белград, додека најголемото прашање сè уште останува отворено – каде би се произведувал автомобилот, бидејќи „Застава“ од Крагуевац повеќе не е достапна како порано.

Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран