УТРО.мк

(ВИДЕО) АПСЕЊА ВО ГОСТИВАР: Приведени директорот и менаџментот на ЈП „Комуналец“ по скандалот со загадената вода

(ВИДЕО) АПСЕЊА ВО ГОСТИВАР: Приведени директорот и менаџментот на ЈП „Комуналец“ по скандалот со загадената вода
Vero

Во тек е координирана полициска акција во Гостивар поврзана со случајот со загадувањето на водата за пиење, дознава КУРИР од свои извори.

Според информациите, по итна постапка се приведени три лица од ЈП „Комуналец“ – Гостивар. Станува збор за вршителот на должност директор Аратана Асани, раководителот на Одделението за водовод Вадедин Дервиши и техничкиот директор Леон Нуредини.

Како што дознаваме, активностите се реализираат во координација со Основното јавно обвинителство, а предметот во почетната фаза се води поради сомнение за сторени кривични дела „Загадување вода за пиење“ и „Тешки дела против животната средина и природата“, согласно одредбите од Кривичниот законик.

Засега надлежните институции не излегуваат со официјални информации за текот на акцијата, но се очекува во текот на денот да биде објавено официјално соопштение со повеќе детали за преземените мерки и натамошниот тек на постапката.

Во меѓувреме, според неофицијални информации, извештајот на Институтот за јавно здравје покажува дека од четирите анализирани примероци на вода, во два биле откриени фекални колиформни бактерии, додека кај еден примерок било утврдено и зголемено присуство на хлор.

Случајот предизвика голем интерес во јавноста, а се очекува надлежните институции во текот на денот да соопштат повеќе информации за резултатите од истрагата и за понатамошните чекори во постапката.

Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран
MegaWin
MegaWin