УТРО.мк

Утре без струја повеќе делови од Тетово, Непроштено и Жилче

Утре без струја повеќе делови од Тетово, Непроштено и Жилче
Vero

Тетово, 23 април 2026 – Поради планирани зафати на дистрибутивната мрежа, во петок, 24 април, неколку локации во Тетово и селата Непроштено и Жилче ќе останат без напојување со електрична енергија во периодот од 09:00 до 15:00 часот.

Според објавениот распоред на Електродистрибуција, прекините ќе се реализираат во интервали и ќе опфатат делови од централното градско подрачје, како и објекти во непосредна близина на Бирото за труд и новиот комплекс на згради.

Деталeн распоред на исклучувањата за 24.04.2026:

  • Тетово, 09:00 – 14:00: Објекти на ул. 141
  • Непроштено, 09:00 – 14:00: Дел од селото, објекти во т.н. Македонско маало
  • Тетово, 09:00 – 15:00: Дел од ул. Благоја Тоска, во близина на Биро за труд
  • Тетово, 09:00 – 15:00: Објекти во близина на Биро за труд
  • Тетово, 09:00 – 15:00: Дел од ул. Борис Кидрич, во близина на кафе бар Симпл
  • Тетово, 09:00 – 15:00: Објекти во близина на ул. 121, во новиот комплекс на згради
  • Жилче, 09:00 – 14:30: Дел од селото

Од Електродистрибуција соопштуваат дека прекините се неопходни поради реализација на инвестициски зафати за подобрување на квалитетот во снабдувањето со електрична енергија. Апелираат до граѓаните и компаниите од засегнатите подрачја навреме да ја прилагодат работата.

Dijamant Lotarija
Loto & Dzoker
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Dome Sladok Dome
Филигран