УТРО.мк

Тони Тоневски: Честит 70-годишен јубилеј на општина Пробиштип и среќен ден на рударите!

Тони Тоневски: Честит 70-годишен јубилеј на општина Пробиштип и среќен ден на рударите!
Vero

Пробиштип денес го одбележува својот 70-годишен јубилеј и традиционалниот Ден на рударите. По тој повод, Тони Тоневски, кандидат за градоначалник од ВМРО-ДПМНЕ, изрази почит и благодарност кон сите рудари кои со својот труд и посветеност го граделе развојот на општината.

„Пробиштип е град израснат од под земја, изграден врз темелите на рударството и заедничкиот напор. Јас секојдневно сум со рударите, рамо до рамо во борбата за безбедни услови, стабилно работење и напредок, и од прва рака знам колку посветеност и жртва бара оваа професија“, истакна Тоневски.

Тој нагласи дека неговата визија е насочена кон натамошен развој на општината и создавање подобри услови за живот, со почит кон историјата и јасна визија за иднината.

„Нека е честит Денот на Општината и големиот христијански празник Успение на Пресвета Богородица – заштитник на рударите. Рудари, среќно!“ порача Тоневски.

Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран