УТРО.мк

Тетово добива систем „Безбеден град“: започна поставувањето камери на улиците и булеварите

Тетово добива систем „Безбеден град“: започна поставувањето камери на улиците и булеварите
Vero

Во Тетово започна инсталацијата на камери од системот „Безбеден град“, со што градот за првпат добива ваков вид на сеопфатен видео-надзор на јавните сообраќајници.

Камерите веќе се поставуваат на повеќе улици и булевари, а активностите се одвиваат во последните неколку дена.
Станува збор за дел од државниот проект „Безбеден град“, кој има за цел подобрување на безбедноста во сообраќајот, поголема контрола и превенција на сообраќајни прекршоци, како и зголемување на општото чувство на сигурност кај граѓаните.


Досега, Тетово немаше поставени вакви камери на градските улици, а со нивното воведување се очекува подобро регулирање на сообраќајот и поефикасна реакција на надлежните институции во случај на прекршоци или инциденти.


Системот „Безбеден град“ веќе функционира во други градови низ државата, каде што, според надлежните, придонел за намалување на бројот на сообраќајни незгоди и поголема дисциплина кај возачите.

Uslugi
Dijamant Lotarija
Uslugi
Loto & Dzoker
Uslugi
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Dome Sladok Dome
Uslugi
Филигран