Филип Јолевски, македонски економист кој работи во Светската банка, годинава е рангиран на 4-то место во светот според бројот на прегледи на неговите научни трудови во областа на економија, според методологијата на SSRN, водечка глобална платформа за споделување академски истражувања.
Јолевски се прослави со истражувања за влијанието на вештачката интелигенција врз економијата и анализата на неформалната економија. Неговите трудови беа цитирани и од респектирани економисти, меѓу кои и заменик-претседателот на Федералните резерви на САД, Филип Џеферсон.
Покрај тоа, Филип Јолевски годинава стана и сколар во реномираниот Меркатус Центар при Џорџ Мејсон Универзитетот во Арлингтон, САД, што дополнително ја потврдува неговата меѓународна репутација.



























