УТРО.мк

ЗНАМ се дистанцира од деловните активности на Петровски: доколку има конфликт на интереси, институциите да реагираат

ЗНАМ се дистанцира од деловните активности на Петровски: доколку има конфликт на интереси, институциите да реагираат
Vero

Движењето ЗНАМ јавно се огради од бизнис-активностите на Сашо Петровски, нагласувајќи дека во случај надлежните институции да утврдат конфликт на интереси, тие имаат обврска да постапат строго согласно законот.


Од ЗНАМ појаснуваат дека Петровски бил носител на советничката листа за Општина Кисела Вода, но не извршувал и не извршува никаква партиска функција во движењето. Оттаму потенцираат дека организацијата не е поврзана со неговите приватни деловни ангажмани.


„ЗНАМ се залага за транспарентност, отчетност и почитување на законите. Доколку постои сомнеж за судир на приватни и јавни интереси, тоа треба да биде предмет на проверка од надлежните органи“, се наведува во реакцијата.

Uslugi
Dijamant Lotarija
Uslugi
Loto & Dzoker
Uslugi
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Dome Sladok Dome
Uslugi
Филигран