УТРО.мк

Меџити: Честитки до Курти за убедливата победа во Косово

Меџити: Честитки до Курти за убедливата победа во Косово
Vero

Изет Меџити, градоначалник на општина Чаир и еден од лидерите на политичкото движење ВЛЕН, испрати честитки до премиерот Албин Курти по неговата нова изборна победа во Косово.

„Добра вест доаѓа од Косово. Уште една победа за Албин Курти и Самоопределување. Драги Албин, големо задоволство е да ја видам вашата нова победа, дури поголема од претходните избори. Денешните демократски избори потврдуваат дека Косово веќе има воспоставено силна демократска традиција, со фер и праведна конкуренција“, изјави Меџити.

Тој додаде дека од Скопје ја потврдува својата поддршка за демократските процеси во Косово и честита за убедливиот резултат на Курти и неговото движење.

Uslugi
Dijamant Lotarija
Uslugi
Loto & Dzoker
Uslugi
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Dome Sladok Dome
Uslugi
Филигран