УТРО.мк

Судот во Тетово пресуди во корист на Алијанса за Албанците – Таравари легитимен лидер

Судот во Тетово пресуди во корист на Алијанса за Албанците – Таравари легитимен лидер
Vero

Алијанса за Албанците соопшти дека го добила судскиот спор поврзан со статутарните прашања и законското претставување на партијата.

Со одлука на Основниот суд во Тетово е прифатено барањето на Арбен Таравари за регистрација на измените во Статутот на партијата во Судскиот регистар на политички партии.

Согласно пресудата, се поништува Статутот донесен на Третиот вонреден конгрес одржан на 24 декември 2022 година, додека во регистарот се впишува Статутот усвоен на Вториот конгрес на партијата од 27 март 2022 година, во согласност со одлуките на Четвртиот вонреден конгрес одржан на 16 февруари 2024 година во Скопје.

Истовремено, судот ги одбил како неосновани барањата на Зијадин Села во однос на промената на претседателот и статутарните измени.

Од партијата оценуваат дека оваа одлука претставува јасна правна потврда за легитимитетот на раководството и неговото институционално претставување.

Dijamant Lotarija
Loto & Dzoker
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Dome Sladok Dome
Филигран