УТРО.мк

Вештакот во „Онкологија“: Неколку пациенти добиле терапија спротивно на препораките

Вештакот во „Онкологија“: Неколку пациенти добиле терапија спротивно на препораките
Vero

На денешното рочиште за случајот „Онкологија“, вештакот Милан Ристески сведочеше за терапиите и протоколите на Клиниката за радиотерапија и онкологија – Скопје, истакнувајќи низа неправилности во медицинската документација и изборот на лекови.

Ристески посочи дека кај 12 пациенти терапијата била применета спротивно на индикациите, без никаква корист и на нивна штета. „Има пациенти што требало да добијат ‘пембролизумаб’, а не добиле, особено во групата на пациенти со рак на бубрегот. Не може да се фаворизираат пациенти според индикацијата и достапноста на терапијата“, рече вештакот.

Одбраната упати забелешки дека Ристески дава стручна оценка за одлуки донесени од искусни лекари и дека неговото ангажирање како вештак дошло кратко по добивањето на лиценцата. Ристески, од своја страна, нагласи дека претходно немало забелешки за неговата работа.

На претходното рочиште, Ристески истакна отстапувања во делот на недоволно документирани податоци за состојбата на пациентите и објаснувања за изборот на терапија. Новите генерациски лекови, како „пембролизумаб“ и „цетуксимаб“, почнале да се применуваат од 2018 година, претходно достапни само преку интервентен увоз или посебни програми на Министерството за здравство.

Случајот „Онкологија“ се води против поранешниот директор на Клиниката, Нино Васев, и уште тројца онколози, обвинети за несовесно лекување пациенти. Обвинението ги товари лекарите за неправилно применети терапии кај 29 пациенти. Судењето продолжува на 31 март.

Dijamant Lotarija
Loto & Dzoker
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Dome Sladok Dome
Филигран