УТРО.мк

Собранието го избра Ненад Савески за нов државен јавен обвинител

Собранието го избра Ненад Савески за нов државен јавен обвинител
Vero

Собранието денеска со 66 гласа „за“, два „против“ и осум „воздржани“ го избра Ненад Савески за нов државен јавен обвинител.

Со ова именување, Савески ќе го наследи Љупчо Коцевски, кој поднесе оставка на 16 декември минатата година, во пресрет на собраниската седница на која требаше да се расправа за негово разрешување по предлог на Владата.

Одлуката беше констатирана од претседателот на Собранието, Африм Гаши, по околу двочасовна расправа во која пратениците ги изнесоа своите очекувања, но и критики за моментот на изборот.

Во текот на дебатата, власта и опозицијата разменија обвинувања за состојбите во правосудниот систем, при што беа отворени прашања за ниската доверба во институциите, политичкото влијание врз судството и обвинителството, како и последиците од работата на поранешното Специјално јавно обвинителство.

Вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски, кој го образложи предлогот, изјави дека јавноста долго време го очекувала овој избор.

Dijamant Lotarija
Loto & Dzoker
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Dome Sladok Dome
Филигран