
Иранските медиуми потврдија дека Али Лариџани, врховен секретар на Советот за национална безбедност, е убиен заедно со својот син Мортеза Лариџани. Информацијата ја објави секретаријатот на Врховниот совет за национална безбедност, а пренесе BBC Persian.
Претходно, Израелската војска соопшти дека Лариџани и командантот на доброволната паравоена сила Басиџ, Голамреза Солејмани, загинале во израелски воздушен напад врз Иран во текот на ноќта. Иранскиот корпус на Исламската револуционерна гарда ја потврди смртта на Солејмани во текот на денот.























