УТРО.мк

Сомнеж за подметнат пожар во Иловица: Пронајдени исечени гранки и запалка

Сомнеж за подметнат пожар во Иловица: Пронајдени исечени гранки и запалка
Vero

Пожарот што завчера избувна во атарот на Иловица, Општина Босилово, најверојатно бил намерно предизвикан, според сомнежите на локалните власти. Огнената стихија зафатила поголема површина со сува трева и грмушки и се приближила на само околу 100 метри од првите куќи во селото.

Градоначалникот на Босилово, Ристо Манчев, посочи дека на местото каде што избувнал пожарот биле пронајдени исечени гранки, за кои се сомнева дека биле сечени со секира, како и запалка. Овие пронајдоци дополнително ги засилиле сомнежите дека огнот бил подметнат.

Пожарот беснеел околу два до три часа, по што интервенирала екипа на ТППЕ Струмица со навално возило-цистерна и теренско возило. Во гаснењето активно се вклучиле и жителите на Иловица, кои со лопати, канистри со вода и земјоделски прскалки помогнале огнот да биде ставен под контрола.

Истиот ден, завчера околу 17:30 часот, пожар избувнал и во село Колешино, каде што бил зафатен погон за обработка на картон.

На терен биле ангажирани пет противпожарни возила и 14 пожарникари. Со брза и координирана интервенција пожарот бил ставен под контрола и локализиран, а на местото било оставено дежурно противпожарно возило со пожарникари-спасители.

Сомнежите за намерно предизвикување на пожарот во Иловица треба да бидат дополнително утврдени од надлежните институции.

Фото Стумичко

Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран
MegaWin
MegaWin