
Градоначалникот на Прилеп, Дејан Проданоски, денеска оствари средба со турскиот амбасадор во Република Македонија, Н.Е. Фатих Улусој и со Ајдован Адемоски, претседател на МАТТО – Македонско-турската стопанска комора и почесен конзул на Република Турција.

На средбата се разговарало за развојните и индустриските капацитети на Општина Прилеп, состојбите во прилепското стопанство, како и за можностите за унапредување на досегашната соработка, нови инвестиции, обострана економска соработка и зголемување на трговската размена.
Меѓу учесниците на состанокот беше и Сашо Наумовски, директор на „Витаминка“, активна членка на МАТТО, која годинава одбележува 70 години од своето постоење.

Во фокусот на разговорите биле и можностите за соработка во областа на образованието, културата и туризмот, имајќи предвид дека Прилеп располага со значаен културно-историски и туристички потенцијал, кој може да биде привлечен за домашните и странските гости, вклучително и за посетителите од Република Турција.
Како што беше истакнато на средбата, Општина Прилеп, заедно со турската заедница која живее во општината, има значајни потенцијали и можности за продлабочување и унапредување на соработката со Република Турција на економски, културен и билатерален план.























