
Денеска беше остварена значајна средба со претседателот на Федерацијата на европски карневалски градови (FECC), Ларс Алгел од Шведска, и потпретседателот Александар Цицимов, на која се разговараше за унапредување на меѓународната позиција на Прилеп како карневалска дестинација.
Во фокусот на разговорите беа подготовките за Карневалот „Прочка 2026“, со јасна цел манифестацијата да се подигне на повисоко меѓународно ниво, преку зголемена видливост, поголем број учесници и побогата, поатрактивна програма за граѓаните и посетителите од земјата и странство.



























