УТРО.мк

Проданоски: Почнуваме инвестиционен циклус од 12 милиони евра во Прилеп

Проданоски: Почнуваме инвестиционен циклус од 12 милиони евра во Прилеп
Vero

„Општината е финансиски стабилна и со поддршка од централната власт влегуваме во нов циклус на капитални инвестиции вреден околу 12 милиони евра“, порача градоначалникот на Прилеп, Дејан Проданоски, во гостувањето во утринската емисија „Здраво Македонијо“ на Телевизија Канал 5, најавувајќи конкретни инфраструктурни и урбани зафати во градот.

Проданоски истакна дека средствата ќе бидат насочени кон проекти што директно го подобруваат квалитетот на животот, паралелно со кадровски промени во јавните претпријатија со цел зголемена ефикасност. „Внесуваме нова енергија во системот и поставуваме основа за поодговорно управување“, нагласи тој.

Во делот на инфраструктурата, најавена е програма од 168 милиони денари за реконструкција на улици, како и изградба на патот Бешиште–Полчиште во Мариово. Приоритет останува обезбедувањето пристап до чиста вода за пиење, канализација и електрична енергија за сите населени места.

Со засилено темпо се работи кон комплетно уредување на коритото на градската река, со изградба на кејски ѕидови и поставување урбана опрема, со што просторот ќе се трансформира во рекреативна зона. Проданоски посочи дека досегашните активности за чистење веќе дале резултат, спречувајќи поплавување на населбата Димо Наредникот при обилни врнежи.

Осврнувајќи се на образованието и спортот, градоначалникот го издвои проектот за новата градинка со капацитет од 250 деца, финансирана со општински средства. Тој додаде дека Прилеп има потреба од затворен базен и модерен трговски центар, при што е предвидено преку јавно-приватно партнерство да се привлечат инвеститори за изградба на мол, додека во соработка со Владата и Министерството за спорт се работи на ревитализација на спортските објекти во градот.

Dijamant Lotarija
Loto & Dzoker
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Dome Sladok Dome
Филигран