УТРО.мк

Проданоски: Нема опасност за населените места, над 100 луѓе се на терен

Проданоски: Нема опасност за населените места, над 100 луѓе се на терен
Vero

Четири краци од пожарот во Мариовскиот регион во моментов се активни, но сите се надвор од населените места и нема директна опасност за Крушевица и Чаниште, ниту за имотите на граѓаните, информира градоначалникот на Општина Прилеп, Дејан Проданоски.

Според Проданоски, особено сериозна била ситуацијата околу Крушевица, каде во текот на вчерашниот ден пожарот претставувал сериозна закана. Со помош на механизација бил направен заштитен појас, со што е спречено ширењето на огнот кон населеното место, а во моментов на тој дел гори ниска вегетација.

Проданоски информира дека на терен се ангажирани повеќе од 100 луѓе, меѓу кои противпожарни екипи, припадници на Дирекцијата за заштита и спасување и Армијата, доброволни противпожарни друштва, ЈП „Национални шуми“, Универзалната единица за заштита и спасување, како и голем број локални доброволци.

Тој нагласи дека целосно се ставени во функција сите расположливи оперативни и технички ресурси на Општина Прилеп и на надлежните институции, со цел пожарот да се држи под контрола и да се заштитат жителите и нивниот имот.

Во гаснењето во неколку наврати биле ангажирани и воздухоплови. Проданоски посочи дека тие во моментов се привремено повлечени поради густата концентрација на чад и намалената видливост.

Градоначалникот изнесе и сериозни сомневања околу причините за пожарот. Според него, постојат индиции и материјален доказ, односно видеозапис од надзорна камера, кој упатува дека пожарот можеби бил предизвикан намерно.

„Ги повикувам граѓаните да останат спокојни. Општина Прилеп е максимално организирана и безбедноста на граѓаните и нивниот имот е наш највисок приоритет“, порача Проданоски.

Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран
MegaWin
MegaWin