
Во Прилеп денеска се одржа настан посветен на франкофонијата под мотото „Франкофонијата обединува срца – преку јазикот до мир“, кој донесе празнична атмосфера, инспирација и силна порака за културно поврзување.

Градоначалникот на општина Прилеп, Дејан Проданоски, истакна дека настанот претставува вистински празник на францускиот јазик, културата и заедништвото. Тој посочи дека учениците со своите настапи, креативни точки и изведби уште еднаш покажале голем талент, енергија и љубов кон уметноста и јазиците.

Проданоски упати благодарност до сите учесници, наставници и организатори за нивната посветеност, како и до присутната публика која го збогати настанот. Посебно се заблагодари на францускиот амбасадор Кристоф Ле Риголер, претставниците на Францускиот институт, како и на училиштата од Битола и Кривогаштани за нивната поддршка.

Тој нагласи дека Прилеп е дел од позитивна приказна која ги поврзува луѓето преку јазикот, културата и пријателството, додавајќи дека општината ќе продолжи да вложува во младите и вредностите што обединуваат.
…























