
Над 200 деца учествуваа на „Ептен мини детската велосипедска трка“, која денеска се одржа на булеварот „Гоце Делчев“ во Прилеп. Најмладите велосипедисти возеа со поддршка од родителите и најблиските, проследени со аплаузи и охрабрување.

Градоначалникот Дејан Проданоски изрази задоволство од одѕивот и атмосферата, нагласувајќи дека ваквите манифестации се можност за дружење и создавање убави спомени.

„За нас, најголемата награда не се резултатите и победите, туку токму овие моменти, детските насмевки, дружењето и создавањето убави спомени“, истакна Проданоски.
Тој им се заблагодари на децата и нивните родители за учеството, на Здружението за култура и спорт „Нови маркови внуци“ – Прилеп и на сите што придонеле за успешната организација.
„Продолжуваме заедно да создаваме настани во кои децата се во центарот на вниманието, затоа што нивната радост е нашата најголема мотивација“, порача градоначалникот.























