УТРО.мк

Општина Битола: Изградба и реконструкција на 24 училишни спортски терени и четири спортски сали

Општина Битола: Изградба и реконструкција на 24 училишни спортски терени и четири спортски сали
Vero

Изградбата и реконструкцијата на 24 училишни спортски терени и четири типски спортски сали ја одбележуваат годинава во Битола, информираат од Општината. Дел од проектите се завршени, додека останатите се во фаза на реализација, со цел подобрување на условите за спорт и рекреација на учениците и граѓаните.

Нови и обновени спортски терени добија основните училишта „Ѓорѓи Сугарев“, „Гоце Делчев“, во двата училишни објекти, „Елпида Караманди“ и „Климент Охридски“, како и училиштето во Горно Оризари и населбата Стрелиште. Работите продолжуваат и во ОУ „Даме Груев“.

Од Општина Битола посочуваат дека вложувањата во училишната спортска инфраструктура се значајни за најмладите, но и за сите граѓани кои сакаат да спортуваат.

Во завршна фаза е изградбата на Боксерската сала, која треба да обезбеди современи услови за тренинг и развој на нови таленти. Од локалната самоуправа нагласуваат дека објектот ќе биде поддршка за продолжување на спортските успеси на битолските боксери на домашните и меѓународните натпреварувања.

Паралелно се работи и на спортската сала во Бистрица. Објектот, кој со децении бил нефункционален и неискористен, се трансформира во современ мултифункционален простор.

Со неговото завршување, жителите на Бистрица и околните населени места ќе добијат нови можности за спорт, рекреација и организирање различни активности, наведуваат од Општина Битола.

Dijamant Lotarija
Loto & Dzoker
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Horoskop Lotarija
Филигран
Urban Stil Lotarija
Green Machines

Најнови вести

Milioner Lotarija
Ilirika
Zlatna Treska
Titanium Lotarija