
Придобивките од рударството за општините мора да се разгледуваат заедно со грижите на населението и потребата од континуирана заштита на животната средина, порача градоначалникот на Општина Пробиштип, Тони Тоневски, кој учествуваше на првата панел-дискусија на ПОДЕКС–ПОВЕКС 2026, на тема „Рударство, развој и животна средина: Како до рамнотежа?“.
Во своето излагање, Тоневски се осврна на придобивките што рударството ги носи за локалните заедници, но и на загриженоста на граѓаните. Притоа ја нагласи важноста на транспарентната и постојана комуникација со јавноста, како и на континуираната грижа за животната средина.
На панел-дискусијата биле разгледани и законската регулатива и улогата на институциите во спроведувањето на надзорот.
Според Тоневски, заедничката констатација на учесниците била дека рударството и екологијата мора да одат рака под рака, а за постигнување на таа рамнотежа неопходно е да се гради доверба меѓу индустријата, институциите и јавноста.























