УТРО.мк

Проданоски: Кога се слуша гласот на народот, се носат најдобрите одлуки

Проданоски: Кога се слуша гласот на народот, се носат најдобрите одлуки
Vero

Градоначалникот на Општина Прилеп, Дејан Проданоски, истакна дека секоја одлука и секој чекор на локалната самоуправа произлегуваат директно од потребите, идеите и очекувањата на граѓаните. Според него, вистинскиот развој на градот е можен само тогаш кога институциите внимателно го слушаат гласот на народот.

Проданоски нагласи дека во процесот на креирање политики и проекти се зема предвид мислењето на сите генерации – од најмладите, кои го градат своето утре, до повозрасните, чие искуство претставува значајна вредност за заедницата. Токму таа меѓугенерациска поврзаност, како што посочи, е основа за стабилен и одржлив развој на Прилеп.

„Заедно создаваме град што слуша, разбира и делува. Град во кој секој човек е важен, секоја насмевка е поттик, а секој предлог е можност за подобро утре“, порача градоначалникот.

Тој додаде дека Општина Прилеп ќе продолжи со отворена и транспарентна соработка со граѓаните, со цел носење одлуки кои ќе го подобрат квалитетот на живот и ќе придонесат за напредок на градот.

Dijamant Lotarija
Loto & Dzoker
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Dome Sladok Dome
Филигран