
Планирани прекини во снабдувањето со електрична енергија утре, 27 октомври, ќе има во Тетово и во селата Ѓермо, Долно Палчиште и Џепчиште.
Во селото Ѓермо струја нема да има од 08:15 до 14:15 часот.
Од 09:00 до 14:00 часот, прекин во снабдувањето е најавен за дел од селото Долно Палчиште. Во истиот период без струја ќе биде и дел од селото Џепчиште, кај џамијата.























