УТРО.мк

Поранешните советници на СДСМ со поддршка за Методија Куновски: „Силата е во единството“

Поранешните советници на СДСМ со поддршка за Методија Куновски: „Силата е во единството“
Vero

Дел од поранешните советници на СДСМ од Битола му изразија поддршка на кандидатот за градоначалник Методија Куновски, со кого се сретнаа на неформално кафе-дружба. Од Општинската организација на СДСМ Битола беа објавени фотографии од средбата, на која присуствуваа поранешни советници како Емилија Костурска, Славе Најдовски, Влатко Шеровски, Стевче Илиевски, Менде Диневски, Жанета Наумовска и Елена Кромидаровска.

На средбата биле присутни и дел од актуелните кандидати за советници, меѓу кои Петар Николовски, Јадранка Павловска и Александар Дакуловски.

„Во пријатна атмосфера, со многу споделени искуства и идеи, Куновски ја доби поддршката од поранешните советници. Пораката е јасна – ако силата е во единството, тогаш сме на вистинскиот пат до победа во Битола“, соопштија од СДСМ Битола.

Сепак, на објавените фотографии не беа забележани некои од поистакнатите имиња од претходните состави на Советот – како Методија Илиевски, Борче Корлевски, Мирјана Захариевска-Ралевска, Александар Димовски, Татјана Крнчева и Виолета Дракалска, кои најверојатно биле отсутни поради оправдани причини.

Инаку, утре (среда) во 20 часот, во големата сала на Центарот за култура во Битола ќе се одржи централниот предизборен митинг на СДСМ. Според најавите, на митингот ќе зборуваат лидерот на партијата Венко Филипче, кандидатот за градоначалник Методија Куновски и носителот на советничката листа Петар Николовски. Очекувањата се дека на настанот ќе се покаже целосно сплотување на битолската организација во пресрет на изборите в недела.

Dijamant Lotarija
Loto & Dzoker
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Dome Sladok Dome
Филигран