АМСМ информира дека денеска започнуваат градежни активности на автопатот А2, на делницата Кичево – Охрид, од километар 0 до 11.5 (Пресека – Песочан), поради што ќе има временa измена на режимот на сообраќај и пренасочување (девијација).
Автомото сојузот на Македонија ги известува возачите дека овој времен режим ќе важи до завршување на градежните работи.