УТРО.мк

Поддршка за лицата со попреченост: Општина Битола објави јавен повик

Поддршка за лицата со попреченост: Општина Битола објави јавен повик
Vero

Општина Битола објавува јавен повик за избор на лиценцирани обучувачи за спроведување на обука на лични асистенти за лица со попреченост, согласно Програмата за социјална заштита.

Право на учество имаат сите правни и физички лица кои ги исполнуваат следниве услови:

  • Поседуваат соодветна лиценца за спроведување на обуки за лични асистенти за лица со попреченост / верифицирана програма.• Имаат искуство во областа на социјалната заштита и обуката на асистенти.• Можат да обезбедат соодветна обука која води кон сертифицирање на учесниците.

Документацијата се доставува во архива или по пошта на адреса: Општина Битола, Сектор за економски развој, јавни дејности и ИТ; Булевар „1-ви Мај“ бр.61; (со назнака – Пријава за обезбедување на услуга – Обука на лични асистенти за лица со попреченост) во рок од 10 работни дена од денот на објавување на овој повик заклучно со 31.07.2026. Пријавите доставени по е-маил нема да бидат разгледувани.

Повеќе на https://www.bitola.gov.mk/obuka-lichni-asistenti/

Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран
MegaWin
MegaWin