УТРО.мк

По 6.000 денари за младите битолчани: Објавен јавен повик за финансиска поддршка

По 6.000 денари за младите битолчани: Објавен јавен повик за финансиска поддршка
Vero

Општина Битола објави јавен повик за доделување еднократна финансиска помош од 6.000 денари за млади лица кои поради привремениот прекин на работата на Испитниот центар во Битола биле принудени да полагаат возачки испит во други градови.

Со оваа мерка, локалната самоуправа има за цел да им надомести дел од дополнителните трошоци на младите битолчани кои морале да патуваат надвор од општината за да го полагаат возачкиот испит.

Право на финансиска поддршка имаат младите лица со живеалиште на подрачјето на Општина Битола кои ги исполнуваат условите утврдени во јавниот повик.

По 6.000 денари за најмногу 50 корисници

За реализација на мерката Општина Битола обезбедила вкупно 300.000 денари од општинскиот буџет.

Секој кандидат што ќе ги исполни предвидените критериуми ќе добие еднократна субвенција во бруто-износ од 6.000 денари.

Со расположливите средства ќе можат да бидат опфатени најмногу 50 корисници, а поддршката ќе се доделува до исцрпување на предвидениот буџет.

Рокот за пријавување е 15 дена

Заинтересираните млади лица треба да поднесат барање во рок од 15 дена од денот на објавувањето на јавниот повик.

Деталните услови, потребната документација и начинот на аплицирање се наведени во јавниот повик на официјалната интернет-страница на Општина Битола.

Од локалната самоуправа посочуваат дека целта на мерката е да се ублажат финансиските последици за младите граѓани кои, поради неможноста да полагаат во Битола, биле изложени на дополнителни трошоци.

https://www.bitola.gov.mk/vozacki-ispit/

Dijamant Lotarija
Loto & Dzoker
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Horoskop Lotarija
Филигран