УТРО.мк

9.000 евра за диплома без мака – обвинителството презентираше пораки и снимки

9.000 евра за диплома без мака – обвинителството презентираше пораки и снимки
Vero

Нови детали од судскиот процес против поранешниот директор на Државниот инспекторат за земјоделство, Васе Анакиев. На рочиштето одржано на 23 ноември, Обвинителството презентираше електронски пораки и снимки од тајното следење, кои отворија дополнителни прашања за неговите активности додека извршувал јавна функција.

Меѓу презентираните докази се нашла и комуникација во која се споменува сума од 9.000 евра за посредување при упис на факултет и добивање диплома.

Според пораките од 25 јануари 2026 година, Анакиев на лице зачувано во телефонскиот именик како „Љупчо“ му објаснувал дека потребните пари треба да се исплатат во две рати – 4.500 евра однапред и уште 4.500 евра при преземањето на дипломата.

Во комуникацијата се споменува диплома од Економски факултет со 180 кредити, како и документација потребна за упис.

На суд пуштени и снимки за наводен поткуп од 100.000 евра

Покрај електронските пораки, Обвинителството презентираше аудио и видеоматеријали обезбедени преку посебни истражни мерки, спроведени со судска наредба.

Снимките се поврзани со случајот за кој Анакиев е обвинет дека побарал поткуп од сопственикот на фирмата „Манови“, во замена за овозможување увоз на вештачко ѓубриво.

Според обвинението, на 13 март 2026 година, во Свети Николе, Анакиев побарал вкупно 100.000 евра, кои требало да бидат исплатени во две рати од по 50.000 евра.

На презентираните снимки, според толкувањето на Обвинителството, се слуша разговор за износите, роковите и начинот на исплата на парите.

Случајот бил пријавен од сопственикот на компанијата, по што биле преземени истражни дејствија.

Уапсен по предавање на 50.000 евра

На 19 март 2026 година Анакиев бил уапсен по предавањето на првата рата од 50.000 евра. Парите биле пронајдени во торба при полициската акција.

Поранешниот директор се соочува со обвинение за примање поткуп, додека неговата одбрана ги оспорува дел од наводите и начинот на кој Обвинителството ги толкува презентираните докази.

На следното судско рочиште се очекува да продолжи изведувањето на материјалите прибрани со посебните истражни мерки.

Постапката сè уште е во тек, а Анакиев се смета за невин до евентуално донесување правосилна осудителна пресуда.

Dijamant Lotarija
Loto & Dzoker
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Horoskop Lotarija
Филигран